РАДУВАЈ СЕ ТИ НА ЗАМРЗНАТИ ЈАЈЦА И БАЊАЈ СЕ СО ЛАДНА ВОДА Твитер-реакции за мега-покачувањето на платите на функционерите
Близу 2.500 евра е платата на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а безобразно покачување добија и сите други функционери. Ви пренесуваме дел од реакциите на корисниците на социјалната мрежа Твитер, кои, како и секогаш, без влакна на јазикот ги коментираат владините одлуки.
Скокнаа платите на функционерите, и тоа за неверојатни 78%.
Со одлуката, платата на Претседателот на државата изнесува речиси 2.500 евра, односно од 93.000 денари ќе порасне на 165.000 денари.
Близу 2.500 евра е платата на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Министрите ќе добиваат по 1.800 евра, а судиите околу 1.600 евра.
Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.
Во продолжение, ви пренесуваме дел од реакциите на твитерџиите за оваа тема:
Во државата каде има “недостаток на работна сила” платите на работниците се зголемуваат за 12%, а на државните функционери за 78% ‼️⚠️ pic.twitter.com/AH6KcRGKGk
— Рејмонд Редингтон (@Redington_M5) March 30, 2023
За 78% си ги зголемиле платите.
Радувај се ти на замрзнати јајца од 2 ден и бањај се со ладна вода pic.twitter.com/rHc6XxGD7v
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) March 30, 2023
Да им го честитам покачувањето на платите на функционерите од 78%, заслужувате двојно. Ма чуј, ич не му ја мислете, триплирајте во 240%, ич да не го вртите народот – ЛАПАААЈ!!!!
— Јанко Илковски (@JankoIlkovski) March 30, 2023
Во најголемата енергетска, финансиска и каква не криза владата си ги зголеми платите за 80%.
Сега Таче и Џафери ќе земаат по 2500 евра плата, а ти шарен куртону радувај се на 3 денари заштедени од макарони и 1 денар заштеден од јајца.
На здравјето.— Ненаспана Муцка (@Nenaspana_Mucka) March 30, 2023
Им фрливте 300 денари на студентите си ги качивте платите за 78%.
Имате среќа што имаме килава младина, да бевте на друго место до сега ќе горевте во пеколот.
Паразити 👇 pic.twitter.com/veZBJnGPHl
— ШеⓂ️са (@She_MsA) March 30, 2023
Во услови на инфлација и на лоша економија, функционерите си ги покачија платите за 80%.
ПОВТОРУВАМ 80%!
Овие пари не се од дома им, тие се пари што од вас ги земаат преку пензиско, здравствено, даноци, казни, патарини, комуналии, фирмарини… и си ги ставаат во својот џеб!
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) March 31, 2023
Изјава на премиерот Ковачевски по повод зголемувањето на платите на функционерите за 78% и реакцијата на народот
🔊🔊🔊 pic.twitter.com/rrlhoUVday— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) March 30, 2023
Уставниот суд донесе одлука за зголемување на платите на функционерите.
Браво 👏👏👏
Од утре функционерите нека ве лекуваат, функционерите нека ви ги воспитуваат и учат децата.
Имаме дефицит на наставници, професори и доктори? Со вакви одлуки ќе имаме двојно повеќе иселување.— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) March 30, 2023
Ако после покачувањето на платите на функционерите, синдикатите и ССМ премолчат и не организираат генерален и масовен штрајк ама одма, ондак тоа е тоа.
— Dick 🇲🇰 (@BiguzDikuz) March 30, 2023
После покачувањава од 80% на платите на сите функционери мислам дека е право време да си го бараме чарето надвор од Македонија.
— На Сузе малиот (@nasuzemaliot) March 30, 2023
Државата која ќе увезува работна сила од Пакистан ги качи платите на пратениците за 78% 🤡🤡
— Кашлица (@kashlicataa) March 31, 2023
Да се донесе одлука за зголемување на платите од 80% во приватниот сектор
— Патлак илити пиштол (@posleDIKnaPIK) March 30, 2023
1. Што повеќе издадени фискални сметки за скенирање, толку повеќе ДДВ во буџет.
2. Што повеќе ДДВ во буџет, толку повеќе покачување на платите на функционерите.Сакав да прашам, до кај сте со скенирањето, ги собравте фамозните 2100ден? 🤔
— Франк 😏 (@___Franck_) March 31, 2023
Откако си ги покачија платите, подруго е, одма се чувствува европски воздух и датум у просторијата
— Toto (@realTotoMK) March 31, 2023