Радувај се, народе!
„На сите членови на мојата партија им посакувам среќна нова година“ – говор на Павле Трајанов во неговата дневна соба.
Божидар Божиновски
Политички новогодишни честитки:
„Благодарение на владата и нејзината брза реакција, Република Македонија ќе ја дочека новата 2022-ра во ист час со некои членки на Европската унија и НАТО. Ова се јасни сигнали од Брисел дека сме спремни за членство. Радувај се народе“ – СДСМ.
„Оваа корумпирана хунта на власт не престанува да ја влече Македонка назад, доколку ВМРО беше на власт сега ќе ја славевме 2025-та година“ – ВМРО
„Колку се 20% од 2022?“ – ДУИ
„Нова година? Дали сте се запрашале дали ни е потребна нова година и трошоците за неа? Кога ние ќе дојдеме на власт, нема да има нови години ќе ги земаме на старо и користиме оние што ги имаме до сега“ – Левица
„Ќе ја земеме и неа“ – алтернатива
„Srejcna nova godina prijateli“ – ПЦЕР
„На сите членови на мојата партија им посакувам среќна нова година“ – говор на Павле Трајанов во неговата дневна соба.
„Кај и да си за Нова година од ДОМ да си“ – ДОМ
„Среќна нова 2074 на сите жители на Марс“ – Интегра
(ФБ статус на авторот)