РАДУВА ФАКТОТ ШТО РАСТАТ ПЛАТИТЕ Мицкоски вели дека приоритет на владата е ниска инфлација и повисоки плати

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во јануари пораснала за 8,3%.

41

Како влада се трудиме да имаме што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го официјалниот раст на платите објавен неодамна од Државниот завод за статистика.

– Апсолутно секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во месец јануари, она што го кажа и го објави Статистика. Дали е тоа доволно, не. Секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да имаме што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет. И така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме во иднина – рече Мицкоски.






Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во јануари пораснала за 8,3%.

Поврзани содржини