Радовишанка со измама зела злато вредно 80.000 денари од стружанка – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш. Таа, на 28.07.2020 убедила 27-годишна жена од струшко село да ѝ донесе злато, кое ќе ѝ го вратела наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.
24 неисправни возила исклучени од сообраќај во Тетово – На 18.11.2020 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, при што биле откриени и законски санкционирани 24 технички неисправни возила (ТЕ-7 и ГВ-17), од кои 17 (ТЕ-7 и ГВ-10) веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци. При контролата се откриени и четири други видови прекршоци.
Го истепале и му ги зеле парите – На 18.11.2020 во 20.45 часот било пријавено дека во с.Долно Коњари, скопско, две лица физички го нападнале Р.М.(19) од с.Мралино, скопско, и со закана му одзеле пари. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопјани истепале полицајци – На 19.11.2020 во Полициско одделение Петровец биле приведени Д.Т.(23) и К.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што во 30 минути по полноќ во населбата Илинден во Скопје Д.Т. физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а К.А. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Во делчевско пронајден човечки труп – На 18.11.2020 околу 9.30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп. Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Го истепал и барал да му врати 5.000 евра – ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Г. (36) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавениот, на 23.10.2020 во Струга, физички го нападнал А.Т.(42) од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра.
Во битолско изгореле садници и земјоделски алат – На 17.11.2020 во 13.04 часот во СВР Битола, Љ.Т.(36) од Битола пријавил дека настанал пожар во атар на с.Горно Оризари, битолско, при што биле опожарени околу 1.000 садници и земјоделски алат, сопственост на пријавителот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Тепачка меѓу двајца скопјани – На 18.11.2020 во 21 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Ј.(43) и Р.Д.(68), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
Истепан тетовец – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 27.08.2020 околу 16 часот оштетениот Т.А.(69) од с.Брвеница бил физички нападнат од пријавениот.
Изгоре возило во Љубанци – На 19.11.2020 во 00.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, настанал пожар во патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Ј.(29). Извршен бил увид.