РАДОВИШАНЕЦ УАПСЕН ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР Горела шума и викенд-куќа
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Радовиш, повредени лица нема.
Приведен е радовишанец осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 16 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд-куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот, тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, соопштија од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Радовиш.
– Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од МВР.