Радован Караџиќ затворската казна ќе ја издржува во Британија

252

Велика Британија прифати на нејзина територија заради издржување на казната да биде префрлен поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

Караџиќ е во притворскиот центар на ОН во Хаг. Тој чека да биде префрлен во затвор надвор од Холандија, каде ќе ја издржи казната, меѓу другото, и за неговата улога во масакрот во Сребреница за време на босанската војна.

Поврзани содржини