📷 РАДОСНА ВЕСТ ЗА ДЕЦАТА ОД ДОЛНО ЛИСИЧЕ Ќе се реконструира училиштето „Гоце Делчев“
Инвестициите во ова основното училиште опфаќаат целосна реконструкција на фасадата и поставување енергетски – ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на санитарните јазли, објави градоначалникот на Општина Аеродром.
„Дечињата од Долно Лисиче, по долги години ќе добијат соодветни услови за реализација на наставата и спортување“.
Ова на својата Фејсбук страна го објави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски кој информираше дека со поддршка на општествено-одговорна компанија, општината започнала со реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче.
„Инвестициите во ова основното училиште опфаќаат целосна реконструкција на фасадата и поставување енергетски – ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот исто така вклучува и изведба на надворешно одбојкарско игралиште и паркинг со што ќе се реши проблемот со паркирањето во училишниот двор“, наведено е во објавата.
Муцунски во својата објава нагласи дека станува збор за прва инвестиција за реконструкција на училишната зграда и уредување на дворот што истовремено е исполнување на едно од главните барања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.