РАДОИЧИЌ ПУШТЕН НА СЛОБОДА Забрането му е да го напушти местото на живеење и да оди на Косово

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот.

174

Вишиот суд во Белград го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на поранешниот попретседател на партијата „Српска листа“, Милан Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност, јавуваат српските медиуми.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.






„Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство“, се вели во соопштението на судот.

Наредено му е да се јавува во надлежната полициска станица на 1 и 15 секој месец, при што му е одземена патната исправа, односно српскиот пасош.

Поврзани содржини