РАДОЈКО ГРОЗДАНОВСКИ Е НОВИОТ МИЛИОНЕР Тој освои 1,4 милиони денари
Радојко Гроздановски од Тетово стана милонер благодарение на „Милионер џекпот“ на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој на 16.02.2022 освои фантастични 1.487.083 денари.
Митот за „среќна среда“ се покажа жива вистина за Радојко Гроздановски од Тетово. Во средата, на 16 февруари тој доби „Милионер џекпот“, во износ од 1.487.083 денари. Фотографијата со џиновскиот чек, во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија направи да се чувствува како вистински милионер, иако, како што вели, не очекувал дека токму нему ќе му падне.
– Многу почесто игра син ми, јас ретко, ама ете изгледа јас сум бил среќникот да го добијам „Милионерот“ – прокоментира Радојко.
Иако поретко, кога играл тоа обично била играта Super Hot 40, која се покажа вистинската за него. Додаде и тоа дека парите ќе ги искористи да си купи нов автомобил со синот.
Посакуваната „Милионер џекпот“ добивка во износ од 1.487.083 денари е освоена во „Спортлајф“ во Тетово.