РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ОБЈАВИ Забележавме движење на воен конвој на југот на Србија

1,521

Радио Слободна Европа денеска воочила движење на воен конвој на југот на Србија, од правец на Врање кон Ниш, кај местото Предејане, откако Вашингтон и Брисел изразија загриженост поради распоредувањето на српски сили долж границата со Косово.

Предејане се наоѓа на 300 километри јужно од Белград и на околу 100 километри од најблискиот граничен премин меѓу Србија и Косово, Мердаре.






Конвојот со возила на Војската на Србија, како што забележа репортерот на РСЕ, околу пладне се движел од југ кон север.

Поврзани содржини