РАДИЈАЦИЈА ВО РУСКИОТ ГРАД ХАБАРОВСК Зрачењето е откриено на околу 2,5 километри од станбени згради

Зголемени нивоа на радијација наводно биле откриени во близина на столб за струја на околу 2,5 километри од станбени згради во рускиот град Хабаровск.

293

Властите во рускиот град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, јавија руските медиуми, а објави порталот Јаху.

Се вели дека зголемени нивоа на радијација биле откриени во близина на далноводен столб на околу 2,5 километри од станбените згради.






– Никој не е повреден или изложен на радијација и нема закана по здравјето на граѓаните – информира локалниот огранок на руската агенција за заштита на потрошувачите.

Се наведува дека нивото на радијација ќе се следи во следните 2 дена и ќе се истражи изворот на зрачењето.

Поврзани содржини