Радев во самоизолација по контакт со заразен од ковид-19

Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.

196

Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.






Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимр Каракачанов

Поврзани содржини