РАДЕВ ТЕЛЕФОНСКИ МУ ЧЕСТИТАЛ НА ПЕНДАРОВСКИ Бугарскиот претседател се јави за Илинден
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски потврдија дека имало телефонски разговор со претседателот Радев, кој бил протоколарен.
Претседателот на државата Стево Пендаровски имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев по повод Националниот ден на Република Северна Македонија – 2 Август.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА потврдија дека имало телефонски разговор со претседателот Радев, кој бил протоколарен. Како што појаснија, претседателот Радев се јавил да го честита празникот Илинден.