РАДЕВ СЕ ЖАЛЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА КАЈ ШАРЛ МИШЕЛ Нашите амбиции за влез во ЕУ довеле до злосторства над Бугарите

Според шефот на бугарската државата, амбициите на Македонија за влез во ЕУ, во позадина на ескалацијата на антибугарската кампања во земјата, довеле до злосторства од омраза како што се палење, пукање во бугарските културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарски државјани, пренесува Њуз.бг

597

Бугарскиот претседател Румен Радев преку видео-врска му се жалел за Македонија на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, соопштија од прес-службата на бугарскиот претседател, јавуваат бугарски медиуми.

Според шефот на бугарската државата, амбициите на Македонија за влез во ЕУ, во позадина на ескалацијата на антибугарската кампања во земјата, довеле до злосторства од омраза како што се палење, пукање во бугарските културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарски државјани, пренесува Њуз.бг

Поврзани содржини