РАДЕВ МОЖЕ САМ ДА ФОРМИРА ВЛАДА СО 131 ПРАТЕНИК? Конечните резултати покажуваат апсолутно мнозинство на неговите прогресивци

Партијата на Румен Радев освои убедливо мнозинство на изборите во Бугарија и ѝ се отвора можност за самостојно формирање влада. Резултатите покажуваат најсилна победа на една политичка сила во последните децении.

541

Партијата Прогресивна Бугарија на Румен Радев освои 44,594% од гласовите на предвремените парламентарни избори во Бугарија и обезбеди доволно мандати за самостојно формирање влада, покажуваат конечните податоци на Централната изборна комисија со 100% обработени протоколи.

Партијата освои 1.444.924 гласови. Со овој резултат се позиционира како убедлив победник. Се проценува дека располага со околу 131 пратеник.

Историјата се повторува, мнозинство по 1997

Според аналитичарите, ова е првпат по 1997 година една партија самостојно да освои мнозинство. Тогаш Обединетите демократски сили на Иван Костов освоија 52,26%.

Овој резултат повторно отвора прашања за политичката стабилност. Во исто време, создава услови за самостојно владеење без коалиција.

Радев победи, мнозинството е на маса

На второ место е коалициајта ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов со 13,387% со 39 пратеници. По нив следува „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ на Кирил Петков и Асен Василев со 12,618%, односно 38 пратеника. Разликата меѓу првите две партии е значителна.

Парламентот ќе биде составен од пет партии. Меѓу нив се и МРФ на Делјан Пеевски со 7,120% и ултрадесничарската Преродба со 4,257% со 21 пратеник. Останатите партии не го поминаа изборниот праг.

Пеевски влегува, дел партии испаѓаат

МРФ на Делјан Пеевски обезбеди влез во парламентот. Пеевски е санкциониран за корупција од САД и Велика Британија. Овој податок често се наведува во меѓународните извештаи.

Под изборниот праг останаа повеќе партии. Меѓу нив се БСП, МЕЧ, „Величе“ и „Сијание“. Дел од нив беа блиску до влез, но не успеаја да обезбедат доволно гласови.

ГЕРБ-СДС освои 433.755 гласови. „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ има 408.845 гласови. За МРФ гласале 230.693 гласачи.

Ултрадесничарската Преродба освои 137.940 гласови.

 

Поврзани содржини