РАДЕВ ГО ПОВТОРИ СТАВОТ ЗА ЕУ ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЗЕМЈАВА Клучот не е кај нас, туку кај нив

Според Радев, клучот за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е во „почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата, во прекинот на обидите за систематско уништување на културното бугарско историско наследство“.

518

Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада на Бугарија и нов парламент, туку пред сè од самата Република С Македонија, која мора да преземе соодветни мерки, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е и кандидат за втор мандат за шеф на државата.

– Клучот за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е во почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата, во прекинот на обидите за систематско уништување на културното бугарско историско наследство. Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада и нов парламент, туку од самата РС Македонија, која мора да преземе соодветни мерки. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје ќе ги изградиме искрените пријателски односи што ги очекуваат луѓето од двете страни на границата – изјави Радев, пренесе БГНЕС.






Тој потсети дека за време на неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во словенечкото одморалиште Бардо, многу јасно ја искажал бугарската позиција.

Поврзани содржини