Радев ја обвини владата дека ги режирала провокациите во Софија

222

Во текот на изминатите 24 часа власта режираше провокации, што дадоа повод за насилство врз новинарите и граѓаните. Настрадаа десетици лица, како меѓу граѓаните, така и меѓу припадниците на органите на редот, вечерва изјави бугарскиот претседател Румен Радев во посебното обраќање по синоќешните тензични протести во главниот град, јави БГНЕС.

– Пред очите на Бугарите се тргува со парламентарната поддршка за идниот Устав – се раздаваат пари и концесии. Со силата на парите и под закрила на полициските штитови се спроведува криминално насилство. Парламентарците од владиното мнозинство, кои не смеат да им погледнат во очи на своите избирачи, изгласаа 60-годишни концесии во Законот за подземните богатства – рече Радев.






Бугарскиот претседател додаде дека тие денеска илјадниците бугарски граѓани кои протестираат ги сведоа на криминален контингент, со што власта ја покажа својата суштина.

– Акциите на владејачкото мнозинство ја продлабочуваат кризата. Ги повикувам и демонстрантите и органите на прогонот да останат смирени и да не дозволат да бидат вовлечени во сценарио за опстанок на компромитираната корумпирана влада. Протестот е единствената законска алатка против киднапираната демократија. Итната и безусловна оставка на владиниот кабинет е единствениот излез од кризата – подвлече претседателот Радев

Поврзани содржини