Раде Шербеџија слави 30 години брак со 20 години помладата Ленка (ФОТО)

2,203

Актерот и режисер Раде Шербеџија (74) на својот фејсбук-профил објави многу емотивна порака, која ги разнежни неговите обожаватели.

Славниот актер во пораката откри дека тој и неговата сопруга Ленка Удовички (53) ја слават јубилејната 30-годишнина од бракот.






Раде и Ленка со истиот ентузијазам зборуваат еден за друг, а жарот во очите зборува колку се среќни кога се заедно.

ФОТО: Printskrin Youtube/ Regional Express – Nezavisni Istarski Portal

Раде ја започна својата порака со овие зборови:

„Вечерва е 30-годишнината од мојата и на Ленка венчавката… Се венчавме во Белград на 29 јуни 1991 година…“, започнал Шербеџија.

„Менувавме градови и земји. Имаме три деца. Направивме сопствен театар на најубавиот остров на Јадранското Море. Имаме прекрасно семејство. Имаме и доволно вистински пријатели. И ние се уште се држиме цврсто за рака…“, напишал Шербеџија и ги воодушеви фановите.

Заедно со пораката, Шербеџија ја остави и песната „Filipa Kljajića 32“, која е посветена на Ленка, и е именувана по улицата каде што живеела кога се запознале.

Поврзани содржини