Раде Шербеџија, познатиот актер, откри дека вакцината против коронавирусот ја примил во Белград, Србија.
Шербеџија во интервјуто за сараевскиот „Дневни аваз“ рече:
„Тоа го направив во Белград, бидејќи не се во Европската заедница, па можат да набават преку свои канали вакцини, и набавија разни. Сето тоа одлично го направија, така што, многу луѓе отидоа таму да се вакцинираат. Јас тоа одлично го поднесов. Многу мои пријатели од Сараево отидоа таму да се вакцинираат. Потребно е тоа, не може да се чека. Кој може да го направи тоа, треба да го направи. Се надевам дека вакцините сега побрзо ќе тргнат од ЕУ. Се надевам дека ова лето ќе можеме помирно да го дочекаме и дека ќе можеме да се дружиме. Имам такво чувство“, рекол Шербеџија за „Дневен аваз“.