РАДАРИТЕ „ГОРЕА“ ВИКЕНДОВ, РЕКОРДНИ 465 КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ Приведени 42 безобѕирни возачи, одземени 12 возила

Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на брзината, а десетици возачи биле лишени од слобода поради безобѕирно управување.

557

Повеќе од илјада сообраќајни прекршоци биле регистирани изминатиот викенд на патиштата низ државата, покажуваат податоците од полициските контроли. За само два дена биле издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел од казните, дури 465, се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Во акциите биле лишени од слобода 42 лица поради безобѕирно управување со возило. Од нив, осум возеле под дејство на алкохол, 20 управувале без возачка дозвола, а едно лице седнало зад волан и покрај претходно изречена забрана.






Полицијата одзела и 13 возила согласно Кривичниот законик. Покрај тоа, евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Контролите откриле и бројни прекршоци кај мотоциклистите и пешаците. Казнети се 59 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, како и 31 пешак.

Дополнително, 112 учесници во сообраќајот биле санкционирани затоа што не користеле сигурносен појас. Од сообраќај биле отстранети и 20 нерегистрирани возила, како и четири поради техничка неисправност.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини