РАЦЕТЕ НА АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ИЗВАЛКАНИ СО КРВ Врховниот лидер на Иран вели дека САД управуваат со израелските напади врз Газа

САД управуваат со злосторството што се врши во Газа. Америка дефинитивно е соучесник на криминалците, наведе Али Хамнеи.

641

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги обвини САД дека управуваат со израелските напади врз Појасот Газа.

– САД управуваат со злосторството што се врши во Газа. Америка дефинитивно е соучесник на криминалците – наведе Хамнеи.






Тој додаде дека рацете на Американците се „извалкани со крвта на угнетените, децата, пациентите, жените и други“.

– Нека знаат сите дека во ова прашање и во идните прашања, палестинската нација е победник, а идниот свет е светот на Палестина, а не светот на ционистичкиот режим – посочи Хамнеи.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на конфликтот, САД во источниот Медитеран за поддршка распоредија два носачи на авиони и бродови.

Поврзани содржини