Работник спасил осумдесет и едногодишен маж кој паднал во реката Вардар, соопшти МВР.
Како што соопшти СВР Скопје, вчера во 14.32 часот било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродром, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М. (81) од Скопје.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.
Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од неговата снаа М.А. (45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.