Работник починал откако паднал, приведени три лица барани со потерница

Покрај пругата Гевгелија-Скопје кај Велес биле пронајдени 22 мигранти.

549

РАБОТНИК ПАДНАЛ И ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО – На 16.09.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика  во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА КОИ БИЛЕ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА – На 16.09.2020 во 23.53 часот на Граничниот премин „Табановце“, при гранична проверка и контрола, било констатирано дека С.К.(52) од Валандово, А.Б.(42) од Валандово и М.П.(30) од Гевгелија во оперативната евиденција се наоѓаат на листата со мерка „задржи и извести“. Тие биле лишени од слобода и предадени за понатамошна постапка.






ГО ПРИВЕЛЕ ЗАТОА ШТО МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА – На 15.09.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот во с.Мала Речица и патничко возило „бмв“, сопственост на Г.Р.(43) од с.Мала Речица. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Додека, при извршен претрес во стан на ул.„Илинденска“ во Тетово, сопственост на Г.Р., во кој престојувал М.С.(21) од с.Идризово, скопско, а каде повремено престојувал и Г.Р., биле пронајдени  и одземени ќесички со остатоци од марихуана и ризла. За настанот бил известен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 17.09.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Д.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОМЧЕ ИМАЛО МАРИХУАНА СО СЕБЕ, ПА ЗАВШРИЛО ВО СТАНИЦА – На 16.09.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го лишиле од слобода Б.Л.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ЗАРАДИ МАРИХУАНАТА БИЛ ПРИВЕДЕН – На 17.09.2020 во 01.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Панајот Гиноски“ го лишиле од слобода И.Ј.(36) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ВО ПАРК ФАТЕНА ДЕВОЈКА СО МАРИХУАНА – На 17.09.2020 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, ја лишиле од слобода Е.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЛЕ КАЈ КРСТОТ ВО АЕРОДРОМ – На 16.09.2020 во 07.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета македонска бригада“ и бул.„Дванаесетта македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(38) од Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.Б.(58) од Скопје. Во незгодата тројцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ПРОНАЈДЕНИ 22 МИГРАНТИ КАЈ ВЕЛЕС – На 16.09.2020 во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 лица мигранти, меѓу кои и двајца малолетници (10 од Бангладеш, седум од Пакистан и пет лица од Авганистан). Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.

СКОПЈАНКА ПРИЈАВИЛА КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ – На 16.09.2020 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, К.Г.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник.

Поврзани содржини