РАБОТНИК ПАДНАЛ ДОДЕКА РАБОТЕЛ, ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА Трагедија на градилиште во Охрид

На местото на трагичниот настан извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до падот.

1,799

Тешка несреќа се случи утрово во Охрид, каде што 58-годишен работник го загуби животот при изведување градежни работи во трговски центар во изградба, потврди МВР.

Како што информираат од СВР Охрид, во 09:24 часот добиле пријава од Итната медицинска помош дека работникот Ѓ.Д. (58) од Охрид паднал додека извршувал работни задачи на градилиштето. Тој бил итно пренесен во болницата „Св. Еразмо“, но за жал им подлегнал на повредите.






На местото на трагичниот настан извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до падот.

Поврзани содржини