Во охридската општа болница синоќа бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Албанија, кој со повреди се здобил околу 16 часот, извршувајќи работни задачи на место викано „Грагорица“, во атар на село Свиниште.
Како што соопшти МВР, по укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.