РАБОТНИЦИТЕ НА „ГЛАСОТ НА АМЕРИКА“ СЕ НА ПЛАТЕНО ОТСУСТВО Веќе не смеат да влезат во своите канцеларии
Овој потег следи по извршната наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, за сведување на американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ) на нејзината минимална правна функција. Агенцијата ја нагдгледува организацијата „Гласот на Америка“ и обезбедува финансирање за „Радио Слободна Европа“, „Радио Либерти“ и за Радио „Слободна Азија“.
Работниците на „Гласот на Америка“ (Voice of America) во саботата добиле е-пошта во која биле известени дека се на платено административно отсуство „додека не биде известено поинаку“ и им се наложува да не влегуваат во канцелариите на „Гласот на Америка“ или да пристапуваат до нејзините внатрешни системи, објави Дојче веле.
Во меѓувреме, „Радио Слободна Европа“, „Радио Либерти“ и „Радио Слободна Азија“, кои исто така се финансирани од американската влада, доживеаја намалување на финансирањето. Сите 3 изданија се фокусираат на емитување бесплатни информации за публика надвор од САД, вклучувајќи ги конфликтните зони како Украина, американските ривали како Кина и Русија или диктатурите како Северна Кореја.
Овој потег следи по извршната наредба на Трамп за сведување на американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ) на нејзината минимална правна функција. Агенцијата ја надгледува „Гласот на Америка“ и обезбедува финансирање за „Радио Слободна Европа“, „Радио Либерти“ и за „Радио Слободна Азија“. УСАГМ е предводен од сојузничката на Трамп, Кари Лејк.
„Претседателот издаде извршна наредба со наслов ‘Продолжување на намалувањето на федералната бирократија’. Ако работите во агенцијата, ве молиме веднаш проверете ја вашата е-пошта“, објави Лејк на интернет.
Не е веднаш јасно колку вработени во „Гласот на Америка“ биле испратени на одмор, но меѓународната организација Репортери без граници соопшти дека сите вработени биле погодени. Здружението на новинари го осуди замрзнувањето како „отстапување од историската улога на САД како бранител на слободните информации“ и, исто така, ги повика американските законодавци и меѓународната заедница „да преземат акција против овој потег без преседан“.
Трамп и неговиот близок сојузник и милијардер Илон Маск се обидуваат да го намалат финансирањето на повеќе федерални агенции и програми. Последните намалувања, насочени кон медиумите, финансирани од САД, сепак, доаѓаат само еден ден откако Трамп јавно ги критикуваше американските медиуми како корумпирани и нелегални. Претседателот на САД ги обвини медиумите дека се пристрасни против него и ги оквалификува приватните радиодифузери Си-Ен-Ен и МСНБЦ како „политички оружја на Демократската партија“.
Администрацијата тврдеше дека „’Гласот на Америка’ премногу често зборува за противниците на Америка, а не за нејзините граѓани“ и дека медиумот „ја засили пропагандата на Пекинг“.