РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЌЕ РАБОТАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКИ ДНЕВНИЦИ Владата им удоволи на трговците кои сакаат да работат на празници, вели Ковачевски

Претходно организацијата „Гласен телкстилец“ побара владата да ја повлече одлуката бидејќи со неа се кршат правата на работниците кои сакаат да бидат слободни за празниците и дека кај нив стигнале поплаки од работници.

272

Препораката на Владата за новогодишните и божиќните празници да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало е донесена на барање на трговците и угостителите кои имаат обврска да ги исплатат според законските одредби за работа во неработни денови и работа во недела, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски .

– Бидејќи новогодишните и божиќните празници секогаш се период кога граѓаните сакаат да купат подароци, за трговците тоа е добра можност да направат повеќе промет. За работниците во трговијата секогаш е добра можност да остварат подобар приход, така што работниците ќе бидат платени согласно законот за работа во неработни денови и работа во недела. Мислам дека во тој дел нема да има проблем бидејќи секој работодавец сака да има задоволни работници од кои на крајот на денот зависи и компанијата – рече Ковачевски.






Претходно организацијата „Гласен телкстилец“ побара владата да ја повлече одлуката бидејќи со неа се кршат правата на работниците кои сакаат да бидат слободни за празниците и дека кај нив стигнале поплаки од работници.

Владата на последната седница препорача на 31 декември, 1 јануари, 7 јануари и 8 јануари да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

 

Поврзани содржини