РАБОТНИЦИ ОД БАНГЛАДЕШ И НЕПАЛ ЗАГИНАА КАЈ ШТИП Три жртви и две повредени лица по излетување на возило од патот

Возачот и уште еден патник, 24-годишниот Х.М.Т. од Бангладеш, се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во Клиничката болница во Штип.

320

Тројца странски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што утринава се случи на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река, во близина на селото Лакавица.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на 12 септември 2025 година во 08:13 часот, кога товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од струмичкото село Иловица.






„На лице место починаа С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата државјани на Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите биле со регулиран престој во Република Северна Македонија. Смртта ја констатираше лекар од Итна медицинска помош“, соопштија од СВР Штип.

Возачот и уште еден патник, 24-годишниот Х.М.Т. од Бангладеш, се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во Клиничката болница во Штип.

По наредба на јавен обвинител, телата на загинатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Поврзани содржини