Работнички за кош подобар од МЗТ во „вечното“ дерби

Со победата во салата „Јане Сандански“ во рамки на заостанатиот натпревар од 12. коло, Работнички сега во Лигата има ефект од 12-5, додека МЗТ Скопје Аеродром  го претрпе шестиот пораз во 16. натпревар.

294

Кошаркарите на Работнички во драматичен натпревар вечерва го совладаа градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром со 75:74 во 154. меѓусебна пресметка на двете најтрофејни македонски екипи.

За Работнички ова беше 91 триумф во „вечното“ дерби против МЗТ Скопје, кој остана на 63 победи над градскиот ривал.






Со победата во салата „Јане Сандански“ во рамки на заостанатиот натпревар од 12. коло, Работнички сега во Лигата има ефект од 12-5, додека МЗТ Скопје Аеродром  го претрпе шестиот пораз во 16. натпревар.

Филип Бундовиќ и Мирко Мулалиќ со по 16 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека Адем Мекиќ постигна 18 поени во редовите на МЗТ Скопје.

Во вториот натпревар што денеска беше на програмата во Првата македонска кошаркарска лига, Еуро Никел по продолжение го совлада Куманово на домашен терен со 112:111.

Поврзани содржини