Работнички ќе гласа првенството да заврши без прогласување на шампион

Шампион се станува на терен, Работнички сака шампион на терен не во канцеларии, велат од клубот.

224

Во пресрет на состанокот закажан за утре од страна на Кошаркарската федерација на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасната по двата предлога предложени од страна на КФСМ, КК Работнички АД соопшти дека ќе гласа за предлогот првенството да се заврши без прогласување на шампион.

„Прогласување на шампион на 50% одиграно првенство е се само не е спортско и фер завршница на првенството. Шампион се станува на терен, Работнички сака шампион на терен не во канцеларии“, соопштија од клубот.

Поврзани содржини