РАБОТИМЕ ДЕН И НОЌ, ВЕ МОЛАМ БЕЗ ШПЕКУЛАЦИИ! Спасовски вели дека интензивно се трага по исчезнатото девојче Вања

На нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР Скопје - рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

909

Министерството за внатрешни работи активно се вклучи во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето од Скопје и на нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР во Скопје – изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот со исезнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска.

– Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, работеше целиот овој тим, предводен од началникот на СВР – Скопје. Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, итн…, се со цел да дојдеме до некаква првична информација – рече Спасовски.






Тој нагласи дека МВР ќе ги преземе сите мерки и активности што се потребни, со цел да дојде до информација за да може да биде пронајдено девојчето.

– Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме шпекулации во јавноста коишто дополнително може да ја подгреваат атмосферата – порача Спасовски.

 

фото: МВР/Социјални мрежи

 

ВИСОКА Е 175 СМ, СО ПРОТЕЗИ, ОБЛЕЧЕНА ВО СИН БЛУЗОН Исчезнатата Вања се најде листата на МВР

Поврзани содржини