РАБОТЕВМЕ ПО ТАРИФНИК СТАР 10 ГОДИНИ, МОРАШЕ ДА ИМА ПОСКАПУВАЊЕ Геодетите велат дека цените треба да бидат повисоки за уште 8%

Од Комората за трговски друштва за геодетски работи тврдат дека доколку тарифникот се носел во редовна процедура на секои 2 години, тогаш овие поскапувања не би биле толку високи.

596

Комората за трговски друштва за геодетски работи смета дека цените на нивните услуги во новиот тарифник се реални и пресметани според трошоците кои ги имаат приватните геодети во текот на работење.

Оттаму тврдат дека доколку тарифникот се носел во редовна процедура на секои 2 години, тогаш овие поскапувања не би биле толку високи.






Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски вели дека овие цени според нив би требало да бидат за 8% повисоки.

– Овие цени се далеку пореални од оние со кои работевме претходно кога се користеше тарифникот стар 10 години. Додколку имаше слух и се носеа тарифници на секои 2 години немаше да има нагло поскапување. Цените кои сега се предвидени се реални и просечно се поскапени најмногу до 90% – рече Рибарски.

Тој информира дека поради високите трошоци кои ги имаа приватните геодети во изминатиот период 50 од нив едвај преживуваат.

Рибарски рече и дека Катастарот со новиот тарифник за приватните геодети ги прикрива поскапувањата на сопствените услуги кои ги прави редовно.

– Катастарот прави маркетинг со тврдењето дека ја намалиле цената за податокот точка од референтна мрежа, бидејќи, претходно го зголеми од 66 денари на 409 денари, сума што ја наплатуваат геодетските компании од граѓаните. Тоа е непотребен податок на товар на граѓаните -рече тој.

Комората на приватните геодети алармира дека Агенцијата на катастарот преку носење на правилници ѝ ги одзема ингеренциите кои ѝ се дадени со закон.

– Најновиот правилник е директно кршење на законите и Уставот и пресметка на директорот со приватните компании. Иако јасно е запишано кој издава и одзема лиценци во законот, сега со овој правилник ќе се врши упад во ингеренциите на комората – вели Рибарски.

Тој додаде дека поради ваквиот однос сега двете иституции издаваат лиценци за геодетски друштва и геодети.

– Сега имаме две лиценци за иста работа. Едната ја издаваме ние, а втората Агенцијата за катастар, што не треба да се случува – вели Рибарски.

Тој побара државата да поведе поголема контрола врз работењето на Агенцијата за катастар.

Поврзани содржини