Работеле и по 23 часот: Затворени две кафеани, во Гази Баба и во Аеродром

1,119

Полицајци и инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа при контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, констатирале дека два угостителски објекти, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон мерките.

Државниот пазарен инспекторат ги испразнил и ги затворил угостителските објекти.






„Во објектите не с епочитуваше предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење ковид 19 и во нив се затекнати повеќе лица“, се наведува во соопштението.

 

Од ДПИ таму наведуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, ќе продолжи со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

 

Поврзани содржини