РАБОТАТА СО КАНАБИСОТ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОГОЛЕМА Зошто е дозволено да се произведува цвет што не ги задоволува нормите

Во следните денови да се изврши проверка на објектите на сите компании што имаат лиценца да ја вршат дејноста производство на медицински канабис, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

843

Владата на денешната седница ќе донесе одлука во следните денови да се изврши проверка на објектите на сите компании што имаат лиценца да ја вршат дејноста производство на медицински канабис, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека не би се изненадил доколку заплената на канабис стигне до количина над 100 тони.






На новинарско прашање дали има информации од истрагата дека марихуаната што беше запленета во Србија ја поминала македонската граница во пломбирани камиони, а во документите била заведена како друг производ, Мицкоски рече дека нема такви информации.

На прашање кој министер овозможил олеснување на правилата за добивање лиценци за канабис, премиерот одговори дека е јасно кој бил.

– Во одреден период министер е Венко Филипче. Лиценците за производство се една работа, но, донесен е правилник, подзаконски акт, со кој се дозволува да се произведува цвет од канабис што не ги задоволува ЏМП нормите и биле свесни дека тоа ќе се случи. Ако цветот не ги задоволува нормите, логично е дека со неговото користење во процесот на екстракција, маслото што ќе се произведе нема да може да биде лиценцирано и да се најде во продажба. Тоа им било многу јасно и на тие што го носеле тој правилник. Сега вистинското прашање е кој бил мотивот да се донесе таков правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот, за да произведете масло кое ќе се продава на пазарот и ќе ги исполнува нормите. И тука треба да се направи сериозна истрага. Но, ова е само почеток. Од тоа што го имаме како индиции и она што МВР го истражува, одредени телефони, одредени разговори, одредени докази, работата ќе биде многу, многу поголема – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини