РАБОТАТА Е МНОГУ ЈАСНА Гаши вели проблемот со Бугарија има идентитетска компонента

Затоа, мислам дека треба јасно да го поставиме проблемот, идентитетските проблеми се многу проблематични, особено кога одиме во историјата и тогаш не го знаеме крајот - изјави Гаши.

1,066

Според Африм Гаши, неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија не е поради војната во Украина, туку според него, проблемот е во Софија. Гаши во „Патот кон …“ на Алсат нагласува дека бугарско-македонскиот проблем сам по себе има идентитетска компонента и тоа дополнително го отежнува преговарачкиот процес.

– Не гледам недобивање на датумот за преговори поради војната во Украина, проблемот е во Софија. Работата е многу јасна. Но, не можеме да кажеме дека настаните во Украина не ја сензибилизираа политичката клима во Софија. Ова е во релативна смисла колку може да се случи. Меѓутоа, бугарско-македонскиот проблем сам по себе ја има идентитетската компонента на јазикот, на идентитетот, а тоа нема многу врска со актуелната војна таму. Затоа, мислам дека треба јасно да го поставиме проблемот, идентитетските проблеми се многу проблематични, особено кога одиме во историјата и тогаш не го знаеме крајот – изјави Гаши.

Поврзани содржини