РАБОТА НА АВТОПАТОТ ЗА ОХРИД КАЈ ТРЕБЕНИШТА Следните денови ќе се вози по изменет сообраќаен режим
Апелираме до возачите крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите возила, во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, соопшти полицијата.
Во следните десет дена сообраќајот на автопатската делница во изградба меѓу селата Требеништа и Мешеишта, општина Дебрца, ќе се одвива наизменично само по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево, информира министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи од Охрид ја информира јавноста дека измените се воведуваат поради градежни активности на теренот и ќе траат до завршување на предвидените работи.
„Апелираме до возачите крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите возила, во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сигнализација“, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи укажува дека на овој потег се можни повремени застои и кратки прекини во движењето, особено во часовите кога има пик, па граѓаните се советуваат навремено да го планираат патувањето и да користат алтернативни патишта доколку е потребно.