Музичарот Рајко Дујмиќ (65), поранешниот фронтмен на групата „Нови фосили“ се здобил со тешки повреди на главата како возач во сообраќајна несреќа во Стари Лаз. Вчера, во попладневните часови доживеал сообраќајна несреќа, а подоцно било потврдено дека музичарот се наоѓа во болница во Риека.
Вчера, доцна попладнето, Дујмиќ слетал со автомобилот од патот, потврдиле од полициската станица во Ријека. Тој испаднал од автомобилот.
Тој е во болницата на одделението за интензивна нега, според информациите кои полицијата ги примила синоќа во 21 часот од болницата.
Дујмиќ со брза помош бил однесен во Клиничката болница во Ријека. Се здобил со сериозни повреди.
И неговата сопруга Снежана сега објави на Фејсбук, потврдувајќи дека Рајко Дујмиќ е во кома.
„Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, напишала шокираната Снежана на Фејсбук.