🎥 РАЈАН ГОСЛИНГ И ЕВА МЕНДЕС ЗАЕДНО ВО ШОУТО НА ЏИМИ ФАЛОН Актерот ѝ приреди на својата сопруга посебно изненадување за роденденот
Рајан Гослинг и Ева Мендес ја изненадија јавноста со нивното прво официјално заедничко појавување по повеќе од една деценија.
Славниот пар, кој постојано ја криеше својата врска од очите на јавноста, се појави заедно во „Вечерното шоу на Џими Фалон“ во четвртокот (5 март), каде што 45-годишниот актер ѝ приреди на својата сопруга посебно изненадување за роденденот.
Гослинг беше гостин во популарното ток-шоу пред објавувањето на неговиот нов филм „Project Hail Mary“, и ја искористи можноста да го прослави 52-риот роденден на својата сопруга Ева Мендес.
Таа се придружи во студиото облечена во сино-бел кардиган од „Луј Витон“ кој неодамна го носеше Гослинг за време на едно гостување. Ева го искомбинира со ретро фармерки со широки ногавици и маица од насловната страница на албумот на Џон Ленон и Јоко Оно од 1980 година „Double Fantasy“. Гослинг носеше црна кошула, црни панталони и сиво двојно закопчано сако со златни копчиња.
Кога Мендес излезе пред публиката, Гослинг ја фати за рака и заедно излегоа на сцената. Актерката им се обрати на наставниците и учениците во публиката, заблагодарувајќи им се за нивното влијание.
Потоа Фалон откри дека водачите на бендот од средното училиште Норт Берген во Њу Џерси биле исто така во публиката, по што училишниот бенд ѝ ја отсвири песната „Среќен роденден“ на Мендес, држејќи транспарент на кој пишуваше „Среќен роденден, Ева!“, Гослинг ракоплескаше и пееше, а Мендес му се заблагодари со бакнеж.
Моментот го означи првото јавно појавување на двојката заедно од премиерата на „ The Place Beyond The Pines“ во Њујорк во 2013 година. Тие се запознаа на снимањето на тој филм во 2011 година и оттогаш се во врска, но постојано избегнуваат да се појавуваат заедно како двојка. Имаат две ќерки, Есмералда во 2014 година и Амада во 2016 година.
Во 2022 година, Мендес почна јавно да го нарекува Гослинг нејзин сопруг, потврдувајќи ги шпекулациите дека тајно се венчале. Во ноември истата година, таа сподели фотографија од нејзината тетоважа „де Гослинг“.
Во латинската култура, „де“ се користи за комбинирање на презимето на жената со презимето на нејзиниот сопруг и е јасен знак за нивниот брачен статус.