ПУТИНОВАТА ВОЈНА ГИ ОЛЕСНИ НЕГОВИТЕ ОЛИГАРСИ Најмногу изгуби шефот на „Лукоил“- 6,2 милијарди долари

Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 отсто, што е петти најлош пад во историјата на берзата.

546

Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг.

Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 отсто, што е петти најлош пад во историјата на берзата.






Најголема загуба има Вагит Алекперов, претседател на управата на „Лукоил“. Тој  изгуби околу 6,2 милијарди долари со што неговото богатство зе намали на 13 милијарди долари. Акциите на московскиот производител на нафта паднаа за околу 33 отсто.

Алексеј Мордашов, претседател на управата на „Северстал челик“, изгуби 4,2 милијарди долари, намалувајќи го своето богатство на 23 милијарди долари.

Владимир Потанин, претседател на „Норилск Никел“ и моментално најбогат човек во Русија, изгубил 3 милијарди долари, пишува Блумберг.

 

Поврзани содржини