ПУТИН ЗЕМАЛ ЗГОДНА АСИСТЕНТКА ЗА ДА ГО ЗБУНИ ТРАМП Шокантни тврдења во книгата на поранешна службеничка во Белата куќа (ВИДЕО)

Кога започна состанокот, Фиона Хил се наведна и ме праша дали го забележав преведувачот на Путин, многу привлечна бринета со долга коса, убаво лице и убава фигура, напиша Гришам.

4,793

Рускиот претседател Владимир Путин поведе со себе атрактивна преведувачка за да го одвлече вниманието на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на нивната средба во 2019 година, а Трамп му рече на Путин дека ќе постапи грубо пред камерите, но дека кога новинарите ќе ја напуштат просторијата ќе можат да го направат тоа „приватно убаво да играат и зборуваат“, откри поранешната функционерка во Белата куќа Стефани Гришам во својата нова книга.

– Добро, ќе бидам малку поостар со тебе неколку минути, но тоа е за камерите. Откако ќе заминат, ќе разговараме. Сфаќате… – му рече Трамп на Путин кога се сретнаа во Јапонија во јуни 2019 година на самитот на Г20 – рече Гришам.






Во нејзината книга „I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House“ ќе се најде на полиците на книжарниците на 5 октомври, а ја погледнаа новинари од „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.

Гришам беше асистент во кампањата во 2016 година, и наскоро стана портпарол на првата дама Меланија Трамп. Од јули 2019 година до април 2020 година, таа беше именувана за секретар за медиуми и директор за комуникации во Белата куќа. Потоа се врати на Источното крило за повторно да биде портпарол на првата дама, а во новата книга ги откри одговорите на бројни прашања и раскажа некои од највпечатливите моменти од мандатот на Трамп.

Во новата книга, Гришам, исто така, ја спореди Меланија со Марија Антоанета.

На состанокот во Јапонија во 2019 година, Трамп го искара и замавна со прстот кон Путин пред камера, велејќи му да не се „меша во (американските) изборите“ пред да зборуваат тивко 90 минути зад затворени врати без присуство на новинари. Како пренесува „Гардијан“, Трамп се пошегувал со Путин дека треба да се „ослободи“ од новинарите кои објавуваат „лажни вести“ и рекол:

– Вие го немате овој проблем во Русија …

– О, да – одговорил Путин.

– Го имаме истото – додаде тој.

Тогаш Трамп покажа со прст кон Путин и рече:

– Не мешајте се во изборите!

Според „Тајмс“, Гришам разговарал со Фиона Хил, административен експерт за Русија, која објаснила што направил Путин за да го збуни Трамп.

– Кога започна состанокот, Фиона Хил се наведна и ме праша дали го забележав преведувачот на Путин, многу привлечна бринета со долга коса, убаво лице и убава фигура – напиша Гришам.

– Таа продолжи да ми кажува како се сомнева дека Путин лично ја избрал таа жена за да го одвлече вниманието на нашиот претседател – рече таа.

Бринетата во син фустан го придружуваше Путин во собата додека рускиот лидер ја поздрави американската делегација во Осака.

Според „Пост“, Гришам, исто така, рекла дека Трамп е „премногу завиткан во сопственото его и илузии за неговата непобедливост за да може да реагира на пандемијата на коронавирусот како што треба“.

„Гардијан“ пренесува дека портпаролката на Доналд Трамп ја нарекла книгата „уште еден мизерен обид да заработи на силата на претседателот и да продава лаги за семејството Трамп“.

Поврзани содржини