ПУТИН ЗА УТРЕ СВИКА СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Мостот на Крим бил жртва на руски камион-бомба?

Седницата ќе се одржи два дена по експлозијата што го оштети мостот на Крим, клучната инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море.

2,474

Рускиот претседател Владимир Путин за утре закажа состанок на Советот за безбедност, на кој ќе учествуваат клучни министри, политичари и претставници на војската и безбедносните служби, соопшти денеска Кремљ.

– Средбата на Путин со постојаните членки на Советот за безбедност е закажана за утре – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Седницата ќе се одржи два дена по експлозијата што го оштети мостот на Крим, клучната инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море.

Руските власти ја припишуваат експлозијата што се случи вчера наутро, а во која загинаа три лица, на камион-бомба во сопственост на жители на руската област Краснодар.

Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност.

Поврзани содржини