ПУТИН ВОЗВРАТИ НА САНКЦИИТЕ Непријателските земји ќе плаќаат во рубљи за набавениот гас

Централната банка и руската владата имаат рок од една недела да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

2,640

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

– Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи. Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи -изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.






Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.

Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

Поврзани содржини