Путин вози „Аурус“ на автопат: Треба да се врзам, инаку ќе ме казнат (ВИДЕО)

Треба да ставам појас, инаку ќе платам казна - рече Путин веднаш штом седна зад воланот на луксузното возило.

2,433

Рускиот претседател Владимир Путин реши да се повози во „Аурус“ по новиот автопат на Крим, а како што може да се забележи на видеото, тој го пофали квалитетот на патот и рече дека е навистина современ и удобен.

– Треба да ставам појас, инаку ќе платам казна – рече Путин веднаш штом седна зад воланот на луксузното возило.






Тој рече дека се чувствува како да се наоѓа во друг свет.

– Друго ниво, друг свет. Сега летав со хеликоптер и специјално дојдов да го доживеам ова. Импресивно е, многу убаво – рече Путин.

Поврзани содржини