ПУТИН ВО НЕВЕРОЈАТНО ТЕШКА СИТУАЦИЈА? За Бајден руските напади врз Украина се „знак на слабост“

Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација. Рускиот лидер се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи - рече Бајден на прес конференција.

591

Американскиот претседател Џо Бајден ги оквалификува руските напади врз украински цивили како знак на слабост од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.

– Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација. Рускиот лидер се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи – рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање.






Во Велика Британија, началникот на ГШ на британските вооружени сили Тони Радакин ја осуди нуклеарната реторика на рускиот претседател како „крајно неодговорна” и ја повика меѓународната заедница да остане обединета во својата опозиција.

– На Путин не му останаа многу опции. Оттаму потекнува нуклеарната реторика – рече тој во говорот.

Радакин одби да коментира за тоа што мисли за веројатноста Путин да се изврши нуклеарен напад врз Украина.

Поврзани содржини