ПУТИН ВО ЛИЧНА ПОСРЕДНИЧКА МИСИЈА Телефонски разговараше со првите луѓе на Емиратите и на Катар

Од Кремљ соопштија дека во разговорот биле разгледани „трагичните настани без преседан“ во контекст на американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките акции на Техеран.

194

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, за ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговите последици врз регионалната и глобалната безбедност. Двајцата лидери повикале на итен прекин на огнот и враќање кон дијалог и политичко решение, пренесе државната новинска агенција Емиратис њуз ејџенси (ВАМ).

Од Кремљ соопштија дека во разговорот биле разгледани „трагичните настани без преседан“ во контекст на американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките акции на Техеран. Путин нагласил дека Русија вложила значајни напори за мирно решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма, при што изразил благодарност за поддршката и грижата кон руските граѓани во Емиратите.






Во одделен телефонски разговор, Путин се слушнал и со емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани. Двајцата изразиле сериозна загриженост поради можноста конфликтот да се прошири и да зафати трети земји, како и надеж дека одмаздничките мерки нема да доведат до нови цивилни жртви и дополнително уништување на цивилна инфраструктура.

Лидерите се согласиле да останат во постојан контакт во период кога тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат по меѓусебните напади меѓу САД, Израел и Иран.

Поврзани содржини