ПУТИН ВЕЖБА ВО БЕЛОРУСИЈА, БЛИНКЕН ВО КИЕВ Германија најавува санкции, Украина се спрема за војна

Вежбата „Обединета одлучност“ која Русија и Белорусија ќе ја извршат на полско-белоруската граница веќе ги загрижува Американците. Според нив, Путин го проширува својот фронт во Белорусија за да може Украина да ја нападне и од север и од исток. Во меѓувреме Германија објави дека ќе го прекине „Северен тек 2“ ако има каква било окупација.

1,717

Нови преместувања на војски и вежби се случуваат во Европа поврзани со ситуацијата во Украина. Додека Русија подготвува заедничка воена вежба со Белорусија на полската граница за да ја демонстрира својата одлучност, Ентони Блинкен, американскиот државен секретар утринава допатува во Киев, за да покаже дека и Западот нема да попушта.

Блинкен ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, утре ќе се консултира со неговата германска колешка Аналена Баербок за да ја придобие, а веќе во петок во Женева ќе проба пак да се убедува околу можното решение со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.






Москва негира дека планира напад врз својот јужен сосед, но побара гаранции дека НАТО нема да се прошири во Украина и другите поранешни советски републики и дека нема да распоредува оружје на тие територии.

„Обединета одлучност“ на границата со Полска

Вежбата „Обединета одлучност“ која Русија и Белорусија ќе ја извршат на полско-белоруската граница веќе ги загрижува Американците. Според нив, Путин го проширува својот фронт во Белорусија за да може Украина да ја нападне и од север и од исток.

На територијата на Белорусија од Русија ќе бидат префрлени 12 воени ловци „Су-35“, две дизвизии на системот за противракетна одбрана „С-400“ и дивизија на зенитно-ракетни топовски системи „Панцир-С“, изјави Фомин, пренесе руската служба на Би-Би-Си. Вежбата ќе трае од 10 до 20 февруари.

Лукашенко се одржува на власт преку Путин

Според Фомин, референдумот за уставни промени во земјата закажан за во февруари е директно поврзан со овие настани. Уставните промени предвидуваат дозвола за Русија да стационира конвенционално и нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.

– Предложените уставни промени вклучуваат текст што говори за давање зелено светло Русија да смести свое оружје и гарнизон војска во земјата. Ова ќе биде значајна промена за Белорусија и таквиот чекор ќе претставува предизвик за европската безбедност, на што треба да се одговори, изјави службеникот и додаде:

– Со текот на времето Лукашенко сè повеќе се потпираше на Русија за секаква поддршка, а знаеме дека Путин никогаш не дава поддршка бесплатно. Русија демне над неговите слабости – истакна претставникот.

фото: твитер/принтскрин

Германија ќе го прекине „Северен тек 2“ ако Русија запука

Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека неговата земја би можела да размисли за запирање на гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина.

Шолц во Берлин се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да разговараат за следните чекори во однос на украинската криза. Преговорите меѓу НАТО и Русија беа неуспешни минатата недела, па сега се размислува за санкции.

Противниците на „Северен тек 2“, вклучувајќи ги и Украина и САД, сметаат дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од Русија во снабдувањето со гас. Одговарајќи на прашањето за „Северен тек 2“, Шолц на новинарите и кажа дека „е јасно е дека цената ќе биде висока и дека за се ќе треба да се разговара доколку има воена интервенција во Украина“.

Поврзани содржини