ПУТИН ВЕДНАШ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ТРАМП ЗА МИР ВО УКРАИНА Макрон упати остри критики кон Русија
Помина речиси 1 месец откако Русија не само што го отфрли, туку го зголеми бомбардирањето на цивили со дополнителни трагични загуби пред неколку дена во Украина, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска оцени дека Русија итно треба да престане со одложување на тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот, предложен од претседателот на САД, Доналд Трамп, во Украина.
– Помина речиси 1 месец откако Русија не само што го отфрли, туку го зголеми бомбардирањето на цивили со дополнителни трагични загуби пред неколку дена во Украина – рече Макрон за време на посетата на Каиро.
Претседателот на Франција рече дека ја поддржува целта за ставање крај на војната, цел кон која се стреми претседателот Трамп, и додаде дека е потребен „цврст и траен мир кој ја гарантира безбедноста на Украина и на сите Европејци“.
– Затоа сега е итно Русија да престане да ги одложува тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот што беше предлог на претседателот Трамп, предлог на кој претседателот Зеленски се согласи во Џеда на 11 март – додаде Макрон.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во неделата изрази жалење поради отсуството на американски „одговор“ на „одбивањето“ на рускиот претседател Владимир Путин да прифати целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, по последните смртоносни напади, особено во Киев.