📽 ПУТИН СНИМЕН СО НУКЛЕАРНАТА АКТОВКА? Традиционалниот „чегет“ секогаш е со претседателот, но ретко е „во кадар“

Нуклеарната актовка на Путин не е директно поврзана со ниту една нуклеарна бомба. Неговата функција е да потврди дека претседателот дал наредба за напад.

682

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на неговиот престој во Пекинг го следат офицери кои носат таканаречена нуклеарна актовка со која може да се активира нуклеарен напад. Снимката што се прошири на социјалните мрежи предизвика бројни дискусии.

Путин, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, е снимен како оди на втор состанок опкружен со обезбедување, а во позадина го придружуваат двајца руски поморски офицери во униформи, секој со актовка, пишува Ројтерс.






Руската нуклеарна актовка, позната како „чегет“, традиционално ја носи поморски офицер. Актовката е постојано покрај претседателот, но ретко ја фаќа камерата.

– Ниту едно патување на Путин не е комплетно без одредени торби –  напишаа дописниците на државната новинска агенција РИА под видеото.

Нуклеарната актовка на Путин не е директно поврзана со ниту една нуклеарна бомба. Неговата функција е да потврди дека претседателот дал наредба за напад.

Наредбите на претседателот, со печат, се проследуваат до рускиот Генералштаб, високата команда на руските вооружени сили, кои потоа ги насочуваат акциите на единиците со нуклеарно вооружување. На Путин му треба одобрение од Генералштабот за да изврши каков било нуклеарен напад.

Поврзани содржини