ПУТИН СЕПАК МУ ОДДАДЕ ПОЧЕСТ НА ГОРБАЧОВ Во тишина се приближи до отворениот ковчег и се збогуваше со него (ВИДЕО)

Путин се приближил до отворениот ковчег на Горбачов, ставил цвеќе, молчејќи го погледнал ковчегот, а потоа и фотографијата, по што ја наведнал главата и се прекрстил.

1,481

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов во сабота, 3 септември, поради ограничувањата во неговиот распоред, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин му оддадe почит на Горбачов утринава, кога тој ја посетил Централната клиничка болница во Москва, каде што Горбачов почина во вторникот.






Како што пренесуваат руските државни медиуми, Владимир Путин се приближил до отворениот ковчег на Горбачов, ставил цвеќе, молчејќи го погледнал ковчегот, а потоа и фотографијата, по што ја наведнал главата и се прекрстил.

 

Поврзани содржини