ПУТИН Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕВРОПА Москва размислува за итно стопирање на испораките на гас

Москва најавува можен пресврт во енергетската политика додека Брисел подготвува нови санкции.

291

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би можела веднаш да го прекине снабдувањето на европските пазари со гас и да се сврти кон, како што рече, „поперспективни пазари“.

Изјавата доаѓа во пресрет на најавата дека Европска комисија на 15 април ќе поднесе законски предлог за трајна забрана за увоз на руска нафта, според информации на претставници на ЕУ.






– Сега се отвораат и други пазари. Можеби е попрофитабилно за нас веднаш да престанеме да го снабдуваме европскиот пазар. Ајде да преминеме на тие пазари што се отвораат и да се етаблираме таму – му изјави Путин на новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин.

Сепак, рускиот претседател нагласи дека засега не станува збор за конечна одлука.

– Но, ова не е одлука, ова е, во овој случај, она што се нарекува размислување на глас. Дефинитивно ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании – рече Путин.

Тој повтори дека Русија, според неговите зборови, отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија и дека ќе продолжи да соработува со партнери што ги смета за доверливи, меѓу кои ги посочи Словачка и Унгарија.

 

Поврзани содржини